
Грчката владејачка партија Нова Демократија во просек има предност од 6,5 отсто пред опозициската СИРИЗА, согласно анализата на последните анкети во земјата, направена и објавена од грчката државна телевизија ЕРТ.
ЕРТ ги анализира резултатите од осум истражувања на јавното мислење спроведени од почетокот на годинава, а според кои Нова демократија, од анкетираните, добива, во просек, 30,9 отсто, СИРИЗА 24,4 проценти, а ПАСОК е на третата позиција со 10,4 отсто.
Целта на истражувањето, според раководителот Панајотис Кустенис, била да се долови сликата од анкетите спроведени на почетокот на 2023 година и строго во однос на тоа за кого би гласале анкетираните на следните избори.