
Во Франција не заврнало дожд 32 дена, што е најдолгата суша од 1959 година, откако се мерат количините на врнежи. Тоа го изјави и министерот за еколошка транзиција, Кристоф Бешу, пренесува Монд.
„Франција е во состојба на готовност“, рече тој.
Според извештаите, последен пат во Франција врнело на 21 јануари. Посебна студија ќе покаже дали моменталната суша е последица на глобалното затоплување.