ФОТО| Кај мотоциклистичка двојка најден автоматски пиштол

Во четвртокот од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и сообраќајната полиција при ОВР Кавадарци на регионалниот пат Градско-Росоман запреле мотоцикл без регистарски таблички, управуван од 45-годишниот С.Д. од Скопје, а сопатничка била М.Е. на 48 години, исто така, од Скопје.

При извршен преглед во ранец кај М.Е. бил пронајден автоматски пиштол „шкорпион“ со една рамка.

Двете лица се лишени од слобода и ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело по чл. 396 од КЗ.