ЛЕ: Јувентус, Спортинг и Севилја во осминафиналето, Баер го елиминираше Монако по пеналите

Juventus' Argentine forward Angel Di Maria (C) shoots from the penalty spot to score his team's second goal during the UEFA Europa League round of 32, second leg football match between FC Nantes and Juventus FC, at The Stade de la Beaujoire in Nantes on February 23, 2023. (Photo by Sebastien SALOM-GOMIS / AFP)

Фудбалерите на Јувентус, Спортинг и Севиља изборија пласман во осминафиналето на Лига Европа, а фудбалерите на Баер Леверкузен изборија пласман во осминафиналето откако со подобро изведување на пенали го совладаа Монако.

Јувентус го победи Нант со 3:0 на гости, откако првиот меч заврши 1:1. Убедлив беше и Спортинг кој во Данска го совлада Митјиланд со 4:0 по ремито 1:1 во Лисабон, додека Севила загуби од ПСВ со 0:2 во Ајндховен, но победи со 3:0 во првиот меч.

По победата од 3:0 во првиот меч, Севиља до 80 минута го контролираше мечот во Ајндховен, а потоа се мачеше да мине. ПСВ поведе во 77 минута со голот на Лук де Јонг. Истиот играч пет минути подоцна постигна гол за 2:0, но голот беше поништен поради офсајд поле. Во четвртата минута од судиското надополнување, Фабио Силва ја зголеми предноста на домашните, но повеќе време немаше.

Италијанскиот гигант Јувентус кој се сочува со криза по големата казна во италијанската лига, не дозволи ново изненадување. Откако првата средба во Торино заврши 1:1, Јуве победи со лесни 3;0 во Франција со „хет-трикот“ на Анхел Ди Марија.

Натпреварувајќи се во Европа првпат по 22 години, Нант сепак не успеа да го повтори успехот од 2001 година кога последен пат стигна до осминафиналето на едно европско натпреварување.

Сѐ беше готово во првите 20 минути. Двата гола на гостите и црвениот картон за домашните ја насочија играта во еден правец. Јуве поведе во петтата минута со голот на Ди Марија, а во 17 минута можеби се случи клучниот момент на натпреварот. Николас Палоа играше со рака во шеснаесетникот правејќи пенал, а притоа доби и црвен картон. Ди Марија беше сигурен погодувајќи за 2:0. Аргентинецот во 78 минута ги постави конечните 3:0.

Спортинг беше убедлив по ремито 1:1 во Лисабон. Спортинг поведе во 21 минута со голот на Себастијан Коутс, а нови проблеми за домаќините стигнаа во 38 минута кога Паулињо беше исклучен откако за само две минути заработи два жолти картона.

Во 50 минута Педро Гонкалвеш ја зголеми предноста на гостите, а до крајот на мечот Гонкалвеш погоди во 77 минута за 3:0, додека Стефан Гартенман ја погоди сопствената мрежа во 85 минута за конечните 0:4.

Монако го доби првиот меч во Леверкузен со 3:2, но Германците со идентичен резултат славеа во Кнежеството.

Гостите поведоа во 13 минута со голот на Флоријан Вирц, шест минути подоцна израмни Висам Бен Једер од пенал, но веќе во 21 минута Ексекјел Паласиос го постигна вториот гол за „Аптекарите“. Баер се доближи на чекор до израмнувањето во 58 минута кога Амине Адлија го постигна третиот гол.

Три минути подоцна Бен Једер можеше да намали, но ја погоди гредата. Следеа нови возбудувања пред спротивниот гол, Мичел Бакер ја затресе мрежата на домаќините, но голот беше поништен поради офсајд. Монако се врати во живот во 84 минута кога Брил Емболо со глава од тешка позиција ги постави конечните 2:3.

Бидејќи немаше повеќе голови, натпреварот отиде во продолженија, но немаше голови ниту во дополнителните 30 минути, па одлуката беше донесена по ударите од белата точка. Нив ги пресуди промашувањето на Елиот Матаз, кој ја погоди гредата. Кај Баер сите пет играчи беа прецизни (Муса Дијаби, Патрик Шик, Едмонд Тапсоба, Надием Амири, Сардар Азмун), додека Кевин Воланд, Брил Емболо и Аксел Дисаси погодија за Монако. Петтиот изведувач не шутираше, бидејќи сѐ беше решено.