
-И не, не е точно дека синот на Талат Џафери треба да се третира како секој друг.
Токму затоа што е син на висок функционер мора да се внимава на можноста да бенефицира од позицијата на таткото.
Токму заради тоа постојат и членовите 56 и 74 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Ама, како што реков, не можам да очекувам од човек кој дошол на функција како награда за своите терористички активности и останува на функцијата заради припадноста на мафијашката организација ДУИ да го знае, а камо ли да го спроведува правото, пишува на Фејсбук, Мирјана Најчевска.