Ковачевски најави државна награда за ИТ-техничар за справувањето со хакерскиот напад во ФЗОМ

Вработените од Фондот за здравствено осигурување неуморно работеа и успеаја за 14 дена да го решат проблемот со хакерскиот напад, што во светот се решава за 22 до 24 дена. Сакам да се заблагодарам и на инженерите. Главниот инженер сега е на боледување поради исцрпеност, бидејќи работеше 24 часа на ден, изјави премиерот Димитар Ковачевски и најави дека еден од нив ќе биде предложен да биде одликуван со државна награда во име на сите инженери кои работеле на спречување на последиците од сајбер нападот.

Соопшти дека ФЗОМ согласно од ревизорскиот извештај пред две години склучил набавка на сите потребни заштити од вакви напади, но таа опрема не била инсталирана.

Премиерот најави дека во земјава наскоро ќе дојде помошникот генерален секретар на НАТО токму за сајбер нападите. На состанокот, како што изјави Ковачевски ќе се дискутира деталите во однос на соработката со НАТО, но и со поединечни земји членки понапредни во оваа област.

Се заблагодари до вработените во ФЗОМ, а за директорката Магдалена Филиповска Грашкоска изјави дека ги потврдила процените оти е добар избор за директор на Фондот.