
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи кажа дека зголемувањето на минималната плата ќе биде 12,55 отсто, односно истата од март ќе изнесува 20.175 денари.
– Се прават последните пресметки. Според законот секоја година ќе има ново усогласување, а оваа година мислам дека зголемувањето ќе биде 12,55 отсто, односно платата од март ќе биде 20.175 денари. Соодветно на тоа, ќе биде зголемена и бруто минималната плата, кажа Битиќи.
На почетокот на февруари и министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека од март ќе има зголемување на платата.