Нови дојави за бомби во 16 училишта во Скопје и едно во Прилеп

Закани за поставени експлозивни направи денеска биле пратени на електронските адреси на 16 училишта во Скопје и едно во Прилеп, соопшти полицијата.

Преземени биле мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки.

Во изминатите денови секојдневно има нови дојави за бомби во училиштата.

Министерството за образование и наука вчера информираше дека е испратен допис до директорите на училиштата кога ќе добијат закани за поставени експлозивни направи, да ја продолжат наставата онлајн.