
Полска и ги испорача првите борбени тенкови „Leopard 2“ од германско производство на Украина, објавија денеска полските медиуми, на годишнината од руската инвазија.
„Премиерот Матеуш Моравјецки денеска во Киев ќе објави дека Полска веќе и ги испорачала првите тенкови Leopard на Украина“, наведуваат медиумите, цитирајќи владини извори.
Западните земји му ветија на Киев испорака на модерни тенкови „Leopard 2“, но првите големи количества се очекуваат ури по неколку месеци.
„Премиерот не можеше да биде тука, тој отиде во Киев да донесе тенкови Leopard, чија прва серија е веќе испорачана во Украина“, рече во петокот претседателот Анджеј Дуда во своето воведно обраќање на состанокот во Варшава.
Како што подоцна објави премирот Мотавјецки, во Украина се испратени првите четири од ветените 14 полски тенкови „Leopard 2A4“.
„Денеска Полска, како земја која прва ја основа коалицијата земји за испораки на тенкови во Украина, (…) сака симболично да ги пренесе првите четири полски Leopard 2А4“, рече премиерот.
Моравјецки притоа на украинскиот претседател Володимир Зеленски му предал документи со кои се потврдува трансферот на тенковите и го уверил дека наскоро ќе му бидат предадени уште тенкови на Киев.
Сепак Варшава, која досега на Киев му испорача 250 модернизирани тенкови „Т-72“, денеска не објави колку тенкови „Leopard 2“ се испорачани во Украина, ниту е соопштена конечната бројка тешки офанзивни тенкови од германско производство ќе ѝ бидат доставени на украинската војска.
Претходно во февруари Германија се согласи да испорача и во договор со западните сојузници да се одобрат испораки на тенковите од германско производство на Украина која во една година од војната загубила според процените околу 2.500 тенкови. Меѓутоа, испораките одат бавно бидејќи се покажа дека земјите донатори имаат многу ограничени залихи функционални тенкови.
Лондонски Time пред две седмици направи процени дека Киев до почетокот на април може да се надева на само 50-ина од 320-те ветени тенкови. Украина, пак, во првата испорака очекува да добие 140 тенкови од 12 земји.