
„Последната недела дена сме сведоци на бројни написи по јавните медиуми во однос на интерпретација на археолошки и епиграфски споменици откриени при заштитните археолошки ископувања на источната некропола на античкиот град Скупи. Како стручна фела сме засегнати од нестручното, шпекулативно интерпретирање на овие наоди и нивното ставање во дневните агенди на политичките партии. Македонското археолошко друштво апелира до сите политички чинители да се воздржат од толкување на откриените наоди и мешање на политиката во овластувањата на надежните институции од заштита на културното наследство, како и во доменот на археолошката струка и наука. Археолошки истражувања се долг и макотрпен процес, а интерпретацијата на археолошките и епиграфски наоди бараат посебен третман и кабинетска обработка пред истите да бидат стручно и научно верификувани“.