
Трилерот „Таинствено убиство“ или во оригиналниот француски наслов „La Nuit du 12“ во режија на Доминик Мол е победник во номинацијата „најдобар филм“ за минатата година на 48-та церемонија на доделување на најпрестижната француска филмска награда César која се одржа ноќта кон саботата во Париз.
На Мол, исто така, му беше врачена и наградата за најдобар режисер, а актерот Були Ланер кој настапи во неговиот филм, беше награден во номинацијата „најдобра споредна машка улога“.
За најдобар актерка беше прогласена Виржини Ефира, за улогата во „Да се види Париз одново“ (Revoir Paris). За нејзин пандан во номинацијата за машка главна улога беше прогласен Беноа Мажимело за изведбата во филмот „Пасификшн: Маки на островите“ (Pacifiction: Tourment sur les Iles).
Наградата за најдобра женска споредна улога ѝ беше доделена на Ноеми Мерлан, која игра во филмот „Невини“ (L’Innocent) во режија на Луи Гарел. Овој филм беше награден и во номинацијата „најдобро оригинално сценарио“.
„Моето авганистанско семејство“ (Ma famille afgane) на Михаела Павлатова ја доби наградата за „најдобар долгометражен анимиран филм. Во номинацијата „најдобар краткометражен анимиран филм“, пак, победник беше „Сексуалниот живот на баба ми“ (La Vie sexuelle de mamie) на Уршка Џукиќ и Емили Пижар.
Признанието за „најдобри визуелни ефекти“ му припадна филмот на Жан-Жак Арно под наслов „Нотр-Дам гори“ (Notre-Dame brule) кој го следи големиот пожар во кој настрада на 15-ти април 2019 година тешко настрада еден од препознатливите симболи на француската престолнина катедралниот Богородичен храм.
Меѓу странските филмови победник беше шпанскиот „Како ѕверови“ (As bestas) во режија на Родриго Сорогојен.
Почесната награда César му беше годинава врачена на американскиот актер Дејвид Финчер, најпознат по филмовите „Боречки клуб“ и „Необичниот случај на Бенџамин Батон“.
Учесниците и гостите на свеченоста им оддадоа почест на актерките Милен Демонжо, Џина Лолобриџида и Кетрин Спаак, како и на актерите Жан-Луј Тринтињан, Мишел Буке, режисерите Мишел Девил и Жуст Жакен, кои починаа во текот на минатата 2022 година.
Наградата César, главната француска филмска награда, почнувајќи од 1976 година ја доделува Академијата за кинематографски уметности и техники.