
Маската „Флинстонови“ на прилепското училиште „Блаже Конески“ е најдобрата и најоригинална маска на годинашната „Прочка 2023“ што по 21. пат се одржа во Прилеп и ја понесе Гран при наградата на Карневалот.
Жири комисијата во состав Кире Младеноски, кореограф, етнологот Александар Цветкоски и ликовниот уметник Тони Чатлески првото место ѝ го додели на групната маска „Адамс фемили“ од училиштето Добре Јованоски, второто место го освои маската „Срцето на градот“ од училиштето „Гоце Делчев“, а третото место ѝ припадна на групната маска „Хакуна матата“ од прилепското училиште Кире Гаврилоски Јане.
Маската „Мила-волк-ајкула“ е најдобра поединечна маска на годинашниов прилепски карневал „Прочка 2023“
На карневалот учествуваа над 500 маскирани со преку 20 групни маски и учесници од Прилепи од повеќе градови од Македонија. Карневалот го отворија прилепските мечкари како заштитна и вековна маска на Прилеп.