
Корисниците на социјалните мрежи забележаа „двајца“ украински претседатели Володомир Зеленски на снимките од неодамнешната посета на американскиот претседател Џо Бајден на Киев.
Полското издание Fakt објави на својот YouTube канал исечок од снимениот прилог од посетата на Бајден на Киев, а корисниците на интернет забележаа дека во заднината додека двајцата челници се искачуваат по скалилата одеднаш во кадарот се појавува „уште еден Зеленски“.
Сосема разбирливо е дека и украинскиот претседател, како и неговите колеги во светот, да има двојник особено во услови на безбедност, но во бројните коментари на корисниците на интернет се поставуваат прашањата кој од нив и кога се појавува во јавноста, но и „дали тоа е вистинскиот Бајден?“.
Бајден во понеделникот пристигна во ненајавена посета на Киев, како што подоцна беше објавено, со воз. Медиумите известуваа од утрото дека поради непозната причина во украинската престолнина се заострени безбедносните мерки, но вистинската причина за тоа беше објавена дури околу пладнето.
Сирените за тревога од наводен воздушен напад се слушале во текот на посетата на Бајден, но немаше извештаи за руски напади. Подоцна Вашингтон потврди дека Русија била известена за посетата на американскиот претседател на украинската престолнина.