Нови дојави за бомби во училишта и во суд

Неколку средни и основи училишта во Скопје, како и Основниот суд во Охрид добиле електронска дојава дека во овие објекти е поставена експлозивна направа.

Учениците и персоналот од училиштата се евакуирани, а исто е сторено и со вработените во охридскиот суд.

На терен се припадници на МВР кои започнале потрага по евентуално поставените експлозивни направи.