
Силно невреме ја зафати попладнево Струмица, каде реки вода течат по улиците.
Порталот Струмица Денес објави фотофрафии и видео.
Пишува дека струмичани вакво невреме не виделе со години. Дел од градското подрачје во Струмица во моментот е без електрична енергија по невремето.
Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, својот фејсбук статус напиша : Вечерва Струмица, особено во делот на улица „Млaдинска“ повторно е жртва на лошата аатмосферска канализација, несоодветната инфраструктура но очигледно и слабото одржување на канализацијата. Вечерва времето потсетува дека главната задача на политичарите е да се грижат за генералните проблеми, а другите задачи се споредни“.