
Во Министерството за правда денеска беше извршено примопредавање на функцијата министер за правда помеѓу досегашниот и новоименуваниот вршител на оваа должност, Никола Тупанчески и Кренар Лога.
Како што информираат од Министерството за правда, Тупанчески му посака на Лога успешна работа, реализација на голем број проекти и успех во функционирањето на Министерството.
– Министерот Лога, му се заблагодари на Тупанчески за неговиот досегашен придонес и најави реформи во сферата на правосудството и засилување на борбата против криминалот и корупцијата, се наведува во соопштението од Министерството за правда.