
Почетокот на судскиот прoцес за кардиохирургот Жан Митрев закажан за утринава е одложен. Причината е да се докомплетира правниот тим на одбраната. Докторот ангажирал нови адвокати на кои им треба време да се запознаат со случајот. Одлучено е следното рочиште да биде на 5-ти април.
Д-р Жан Митрев беше присутен на денешното рочиште и изјави дека очекува фер судење, и дека заедно со адвокатскиот тим ќе ја докажат вистината.
Од вчера, сметките на болницата се блокирани. Кривичниот суд донесе одлука сметките да се блокираат, со што клиниката не е во можност да работи. Од Клиниката уверуваат дека и покрај оваа одлука на судот, донесена на ден пред судското рочиште, пациентите кои се хоспитализирани нема да бидат оставени без соодвeтен третман.
Измама е кривичното дело за кое ќе му се суди на докторот и сопственик на приватна болница Жан Митрев. Истрагата против него беше отворена по допрен глас, односно по објавувањето на истражувачката сторија на ИРЛ за неетичко користење на методот хемофилтрација кој претставува инвазивен метод за прочистување на крвта во лечење на пациенти од ковид-19 .