
Времето во вторникот во Македонија ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.
Врнежите ќе продолжат и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу 0 и 6 степени, додека максималите дневни соодветно ќе дистигнат од 8 до 16 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде, исто така, променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд со дневна температура до 14 степени.