
Времето во среда во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури се движат од 2 до 10 а максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 6 и 15 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината, исто така, ќе преовладува променливо облачно со повремени врнежи дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а температурата ќе достигне до 13 степени.