
Повеќе основни и средни училишта во Скопје изутринава и во текот на ноќта добиле заканувачки и-меил пораки за поставени бомби.
Дојави за бомби добиле основни училишта во скопските населби Аеродром, Кисела Вода и Центар, како и неколку средни училишта во овие населби.
Сѐ уште не е познато на колку училишта им се испратени вакви закани.
Дојави за бомби вчера имаше во 23 средни и 22 основни училишта во Скопје. По спроведените проверки, МВР информираше дека сите дојави се лажни.