Штипските пекари продаваат леб за 30 денари

Помалите штипски пекари ја намалија цената на лебот и тој се продава за 3 денари помалку од законскиот минимум, а рафтвите во пекарите се полни.

– Лебот се продава по цена од 30 денари и леб ќе има. Немаме проблем со производство и со дистрибиција на леб. Ние не се придржуваме кон заканите, бидејќи  мора да произведуваме за Штип и околината, изјави Николче Малинов, сопственик на пекара.

Граѓаните сметаат дека никој не смее да се заканува со недостиг на основниот прехранбен продукт.

– На пекарите треба да им ги затворат фирмите и никогаш да не отворат повеќе, затоа што му се закануваат на народот. Тоа не е во ред. Значи не можат тие да си играат играчки со народот и да го заплашуваат, покажа анкетата меѓу граѓаните.

По најавата дека леб ќе нема, некои штипјани побрзаа со складирање на залихи, а други се подготвени самите да си месат.- Вчера си земав 6 леба, си ги ставив во фрижидер и сега за 2-3 дена ќе си имам.- За цела недела земаат и полнат во фрижидерите.- Ако нема, ќе си месиме дома.- Ќе си месиме, да, велат штипјани во анкетата.

Мерката на Владата за замрзнување на цената на лебот на 33 денари ќе важи до крајот на месец мај.