Четворица косовски државјани извлечени од снегот на Галичица

Министерството за внатрешни работи во саботата попладнето соопшти дека се спасени четворица косовски државјани, кои заглавиле во снегот на Галичица.

Во петокот 3-ти март вечерта околу 19 часот во СВР Битола било пријавено дека во националниот парк Галичица во снег има заглавени странски државјани. Полициски службеници и екипи од Територијалната противпожарна единица Ресен и од стражарска служба Галичица излегле на терен и во 1950 часот лицата биле пронајдени, извлечени од снегот и безбедно упатени до граничен премин Стење, соопшти МВР.

Министерството додава дека се работи за четворица косовски државјани кои биле со патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со косовски регистарски ознаки