Верстапен прв стартува во Бахреин на трката во Ф1

Холандскиот светски шампион Макс Верстапен во болидот на Ред Бул ја освои пол-позицијата за неделната трга за Големата награда на Бахреин, воведната трка од сезоната во класата Формула 1.

Возачот на Ред Бул постигна најдобро време во саботата на патеката во Сахир со 1:29:708 минути.

Неговиот мексикански тимски колега Серхио Перез ги заврши квалификациите втор, додека во вториот ред ќе има два билида на тимот на Ферари – Шарл Леклер од Монако и Шпанецот Карлос Саинц.

Ветеранот 41-годишниот Фернандо Алонсо, ја започнува својата 20-та сезона во Ф1 од петтото место во болидот на Астон Мартин, веднаш пред двата болида на Мерцедес управувани од британскиот тандем Џорџ Расел и Луис Хамилтон.

Дебитантот во тимот на Вилијамс, Логан Сарџент беше 16-ти, а другите дебитанти, исто така, потфрлија: Австралиецот Оскар Пјастри заврши на 18-то место во вториот болид на Мекларен, пред Холанѓанецот Ник де Вриј во АлфаТаури на 19-та позиција.

Големата награда на Бахреин се вози в недела од 16 часот.