
„ЕКСКЛУЗИВНО видео од мојот божемен “физички напад” на колешка, за што лажно ме обвинија од СДС. Во позадина се слуша мојата реакција на навредите од колешката, додека премиерот ноншалантно си шета во салата, објави на Fecebook во саботата пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
„Ова се фактите и ова е вистината, а својствено за СДС се обидоа да конструираат непостоечки физички напад, користејќи го имунитетот од говорница, за да ме омаловажат и дискредитираат, како би престанал да им ги кажувам криминалите. Но, го згрешиле човекот!
П.С. Го очекувам извинувањето за мизерната конструкција искажана на национален медиум“, објави опозицискиот пратеник