Двајца ранети во пукање на патарината кај Желино

Две лица се пренесени во скопскиот Клинички центар откако биле ранети од огнострелно оружје во саботата околу пладне во оружен инцидент кај патарината нај тетовско Желино, извести во неделата Министерството за внатрешни работи

Во СВР Тетово во саботата било пријавено дека во 11,19 часот на наплатна станица Желино, 40-годишниот Џ.А од Тетово, по претходна расправија, со пиштол пукал кон 34-годишниот А.К. и неговиот 32-годишен брат А.К., при што двајцата се здобиле со повреди.

Двајцарта ранети биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош, информира МВР.

Јавен обвинител и полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.