
Унгарскиот премиер Виктор Орбан го посети во понеделникот командниот центар за надзор на здружените сили во Секешфехервар, со цел да се запознае со состојбата на одбранбените способности на унгарските вооружени сили, изјави портпаролот на унгарскиот премиер Берталан Хаваси, пренесе агенцијата MTI.
Орбан повторил дека во сегашната ера на опасност, заштитата на Унгарија е приоритет на владата.
„Развојот на војската и одбранбената индустрија не смее да забави и покрај економската криза предизвикана од санкциите. Ние сме за мир, но мора да бидеме внимателни и подготвени“, додал Орбан.
Унгарскиот министер за одбрана, Кристоф Салај-Бобровнички, го информирал Орбан за статусот на програмата за развој на одбраната и вооружените сили, обуката на персоналот и достигнувањата во развојот на капацитетите.