
Лондонски Челзи пред своите навивачи на „Стенфорд Бриџ“ ја совлада Борусија Дортмунд со 2:0 (1:0) и на тој начин ја надополни негативата од првиот натпревар и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите, каде ќе се најдат и фудбалерите на Бенфика кој и вечервва ја потврдија својата доминација над белгиски Клуб Бриж.
Водечкиот гол за Челзи го постигна Рахим Стерлинг во 43 минута. Челзи до вториот погодоко дојде од пенал, досуден по интервенција на ВАР, поради тоа што Волф ја запре топката со рака во шеснаесетникот, по центаршутот на Чилвел. Каи Хаверц беше изведувач и ја погоди стативата, но од ВАР просторијата сигнализираа прерано влегување на гостински играч во шеснаесетникот при ударот. Во вториот обид Хаверц шутираше на ист начин и погоди во долниот лев агол од голот за 2:0 во 53 минута.
Домашниот тим силно го започна натпреварот. Веќе во 2 минута Стерлинг во контранапад влезе во шеснаесетникот на Борусија, но предолго чекаше со реализацијата. Во 6 минута Жоао Феликс успеа да си создаде простор за шут, но гостинскиот голман Мајер одлично реагираше и го одбрани обидот на Португалецот. Каи Хаверц првпат се закани во 8 минута, но ја погоди надворешната страна од мрежата.
Откако се ослободи од почетниот притисок, Борусија успеа да создаде неколку ветувачки ситуации пред голот на домаќините. Во 17 минута капитенот на гостите Марко Ројс шутираше од слободен удар од повеќе од 20 метри, но неговиот прецизен удар го одбрани Кепа.
Токму кога се чинеше дека Германците стануваат сѐ поопасни, се појави можност за Челзи. Во добра ситуација се најде Хаверц, неговиот шут од 14 метри веќе го совлада гостинскиот голман Мајер, но топката ја погоди стативата.
Она што не му успеа во 28 минута, го направи Хаверц десет минути подоцна, кога ја погоди противничната мрежа од гредата од работ на шеснаесетникот, но неговиот гол беше поништен бидејќи во првиот дел од таа акција Стерлинг беше во недозволена позиција.
Во 40 минута Феликс шутираше од срцето на шеснаесетникот, но Мајер беше на висината на задачата.
Сепак, во 43 минута ниту германскиот голман не можеше да го спречи погодокот. Голема улога во почетокот на акцијата имаше Матео Ковачиќ, кој мина меѓу двајца гостински играчи, ја загуби контролата над топката, но таа стаса до Бен Чилвел, кој продолжи таму каде што застана Ковачиќ и нафрли од лева крилна позиција на средината на казнениот простор.
Стерлинг беше таму и ја промаши топката во првиот обид за шут, но таа му остана меѓу нозете. Потоа се обиде да дрибла и да се ослободи од Ројс кој успеа да ја погоди топката но и удри во ногата на Стерлинг. Топката идеално се одби за шут на англискиот репрезентативец кој го „проби“ Мајер и ја испрати топката под гредата за домашните да поведат и да ја неутрализираат предноста со која Борусија дојде на „Стенфорд Бриџ“.
Уште на почетокот на второто полувреме, Челзи со двојна помош на технологијата дојде до погодок кој го водеше лондонскиот тим до четвртфиналната жрепка.
ВАР најпрво беше клучен во досудениот пенал во 47 минута, откако обидот за нафрлување на Чилвел со рака го блокираше Волф во својот шеснаесетник. Холандскиот судија Дени Макелие ја прегледа снимката и покажа на „белата точка“. Топката ја намести Каи Хаверц, застана во претпоследниот чекор, го испрати Мајер десно а топката лево, но ја погоди стативата. Германецот веќе „тагуваше“ за пропуштената прилика, кога холандскиот судија реши да го повтори пеналот по интервенција од ВАР-просторијата, бидејќи неколку играчи прерано влегоа во шеснаесетникот. Во вториот обид Хаверц го избра истиот удар и го погоди долниот лев агол за водство од 2:0. Шест минути оминаа од ситуацијата го беше досуден пеналот до конечна реализација, па во 53 минута Челзи дојде до предност која значеше и пласман во четвртфиналето.
Борусија со сите сили се обидуваше да дојде до гол кој ќе ѝ несеше продолженија, но она што не заврши во домашниот блок или во рацете на голманот Кепа Аризабалага, заврши далеку од голот и Челзи остана без недопрена мрежа. .
Челзи, кој ја освои Лигата на шампионите во 2012 и 2021 година по 13-ти пат во својата историја ќе игра во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а противникот ќе му биде одреден со ждрепката на 17-ти март.
Фудбалерите на Бенфика се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите совладувајќи го Клуб Бриж со 5:1 (2:0) во Лисабон, со што Португалците ја потврдија победата од Белгија (2:0) во првиот натпревар.
За Бенфика погодија Рафа Силва (38), Гонкало Рамос (45+2 и 57), Жоао Марио (71 пен) и Давид Нерес (77), а за Белгијците Бјорн Мејер (87 минута).
Португалскиот тим на стадионот „Луж“ ја потврди супериорноста над белгискиот шампион. Во отворена игра во првото полувреме Бенфика поведе во 38 минута по одличната акција која започна на гол-линијата на домашните. Во контранападот Рамос му сервираше на Рафа Силва, кој го врти својот чувар и потоа неодбранливо во пад погоди во мрежата. Во судиското надополнување на првото полувреме, Рамос се најде меѓу дури четворица играчи на Бриж и постигна гол за 2:0.
Извонредната партија Рамос ја круниса со вториот гол во 57 минута, кога португалскиот напаѓач лесно погоди од пет метри на асистенција на Грималдо. Во 71 минута по прекршокот на Сил, судијата досуди пенал, а Жоао Марио беше прецизаен со што стана првиот играч на Бенфика од 1963 година и славниот Еузебио кој постигнал гол во пет последователни натпревари во Лигата на шампионите. Бразилецот Давид Нерес осум минути подоцна, само две минути откако влезе во игра, зголеми на 5:0, а дефанзивецот Миејер со одличен удар го постигна почесниот погодок за гостите.