
Двојното убиство во кафулето во Старата скопска чаршија е само продолжување на пресметките на клановите од нарко-мафијата, оценува поранешниот началник во МВР и помошник-директор на криминалистичка полиција, Љубомир Ѓурчески.
Иако станува збор за очигледно добро испланирана и извршена ликвидација, сепак Ѓурчевски е оптимист дека сторителите може да се откријат.