
Во дербито на 27-то коло на кошаркарската Евролига, Олимпијакос во Пиреја во вторникот вечерта ја победи Барселона со 77:70 и го презема водството на табелата.
Олимпијакос сега води со соодноост меѓу победи и порази 19-8, додека Барселона е на 18-9. Реал Мадрид е трет со 18-8, но „кралскиот клуб“ има натпревар помалку.
Грчкиот тим се врати од заостанување од 11 поени, извојувајќи важна победа. Олимпијакос сега има 4-0 против Барса и Реал Мадрид, што може да биде исклучително важно во борбата за „единицата“.
Домаќините до победата ги предводеа Шекиел МекКисик со 16 поени, Јанулис Ларенцакис со 14 поени и пет скока и Саша Везенков со 13 поени и седум скока. Кај Барса најефикасен беше Никола Миротиќ со 19 поени и седум скока, а Николас Лапровитола впиша 15 поени и осум асистенции.
Реал Мадрид загуби од Басконија Виторија со 81:85 во шпанската пресметка на домашен терен.
Метју Костело со 20 поени и Дариус Томпсон со 18 поени го предводеа победничкиот тим, додека Џанан Муса со 21 и Валтер Таварес со 13 поени беа најефикасни кај Реал.
„Фенерџујата“ Алба загуби од Жалгирис со 63:66 во Берлин. Ајшај Тејлор ги предводеше гостите со 14 поени, а Лук Сикма со 10 поени и 10 скока го предводеше берлинскиот тим.
РЕЗУЛТАТИ
Алба Берлин – Жалгирис Каунас 63:66
Олимпијакос – Барселона 77:70
Виртус Болоња – Партизан 79:88
Валенсија – Армани Милано 84:88
Баерн Минхен – Асвел Вилурбан 76:72
Реал Мадрид – Басконија Виторија 81:85
Среда:
Макаби Тел Авив – Фенербахче
Црвена ѕвезда – Анадолу Ефес
Монако – Панатинаикос
ТАБЕЛА
1. Олимпијакос 27 19 8 2279-2049 46
2. Барселона 27 18 9 2155-2055 45
3. Реал Мадрид 26 18 8 2161-1987 44
4. Басконија Виторија 27 15 12 2301-2225 42
5. Партизан 27 15 12 2273-2202 42
6. Монако 26 16 10 2135-2104 42
7. Фенербахче 25 16 9 2100-2005 41
8. Жалгирис Каунас 27 14 13 2030-2107 41
9. Валенсија 27 13 14 2207-2286 40
10. Макаби Тел Авив 26 13 13 2136-2159 39
11. Виртус Болоња 27 12 15 2097-2190 39
12. Анадолу Ефес 25 13 12 2046-1964 38
13. Баерн Минхен 27 11 16 2078-2130 38
14. Црвена ѕвезда 26 11 15 1944-2024 37
15. Армани Милано 26 11 15 1887-1970 37
16. Асвел Вилербан 27 8 19 2025-2166 35
17. Панатинаикос 26 8 18 2020-2125 34
18. Алба Берлин 27 7 20 2140-2267 34