
На 07.03.2023 во 10.05 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во населба Оризари настанал пожар во куќата на С.Л.(53), во која живеела неговата мајка С.Л.(79).
-Од здобиените повреди при пожарот, С.Л. починала, а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош, информира МВР.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а увид извршила екипа од Полициската станица Кочани.