Нов министер-стари проблеми- И за Меџити приоритет е средување на хаосот со возилата во Клинички

Една недела по преземањето на функцијата министер за здравство, неврологот Фатмир Меџити ги соопшти приоритетите на кои ќе работи во нардниот перид. И тој, како и сите негови досегашни претходници-минстри,  ветува дека прво што ќе направи ќе биде да најде решение за хаосот од возила во Клинички центар. Втор приоритет му е ажурирање на позитивната листа на лекови која не е обновена повеќе од десет години. Трето во програмата Меџити има зголемување на платите на здравствените работници, а како битнен проблем Меџити го наведе и новиот клинички центар и регионализација на болниците за што вели дека има детални проекти.
„Наш прв приоритет ќе биде да го решиме сообраќајниот хаос во Клинички центар. Се консултираме со сите институции, засегнати страни и размислуваме тоа да го решиме во најбрз можен рок. Како второ, ќе ја ажурираме промената на позитивната листа и како трето и многу битно, за пациентите секогаш да ги добијат најдобар третман на лекување ќе направиме напори со сите надлежни институции, да ги зголемиме платите на здравствените работници. Многу е битно ние да можеме да направиме нов ургентен, интернистички тријажен центар. Другото прашање кое долго време се поставува во државата и е од голема итност, е да го продолжиме проектот за нов клинички центар и да направиме регионализација на болниците во државата. И за регионализацијата и за клиничкиот центар имаме детален проект како ќе се одвиваат работите“, најави министерот Меџити.