
Не се чувствува виновен за делата кои му се ставаат на товар, вака се изјаснил сопственикот на порталот „Доказ М“ Марјан Стаменковски пред судијката Марија Клетничка.
Одбраната на Стаменковски по рочиштето, кое беше затворено за јавноста, кажа дека тој не бил виновен и очекува да биде ослободен бидејќи според него немало кривична одговорност во тоа што го пишувал на порталот.
На рочиштето сведочеа оштетените, новинарките од Валентина Вурмо и Ирена Мулачка. Сепак се што беше кажано пред судот е непознато за јавноста, но затоа пак новинарката и Мулачка за ТВ 24 изјави дека правдата ќе ја тера до крај.
Одлуката овој предмет да се одвива зад затворени врати е по барање на обвинителството кое одлучи јавноста да биде исклучена се до објавувањето на пресудата, затоа што во процесот се изнесуваат детали од приватниот живот на оштетените и нивните семејства. следното рочиште е закажно за во вторник се очекува постапката да продолжи со изведување на докази.
Инаку Маријан Стаменковски се товари за уцена, ширење на ксенофобичен и расистички материјал по пат на компјутерски систем и злоупотреба на личните податоци.