
Мемфис имаше пеколен старт на мечот, ја добија првата четвртина со неверојатни 48-28. Голден стејт ја намалуваше негативата и во текот на третиот период успеа да дојде до -5. Тогаш се разбудија домаќините, повторно додадоа гас и на крајот славеа со 21 поен разлика, 131-110.
Во отсуство на Морант, најдобар кај Мемфис беше Џонс со 22 поени и 11 асистенции. Најефикасен на мечот беше ѕвездата на Голден стејт, Стеф Кари кој постигна 29 поени.
Јанис Адетокумбо не играше за Милвоки, но Бакс го победија Бруклин со 118-113. И тука мечот беше решен во првата четвртина која домаќините ја добија со 37-20, а потоа само го одржуваа високото водство.
Портис и Лопез се истакнаа во составот на Милвоки, првиот имаше 28 поени и 13 скокови, вториот 24 поени и 10 скокови. Најдобар кај Бруклин беше Милс со 23 поени.
Резултати: Детроит – Шарлот 103-113, Индијана – Хјустон 134-125, Орландо – Јута 124-131, Мемфис – Голден стејт 131-110, Милвоки – Бруклин 118-113, Сакраменто – Њујорк 122-117.