Медиуми: Германските железници престанаа да транспортираат хуманитарна помош за Украина бесплатно

Компанијата „DB Cargo“, одделот за товарен транспорт и логистика на германскиот железнички превозник „Deutsche Bahn“ ги прекина бесплатните испораки на хуманитарна помош за Украина, пишува весникот Spiegel повикувајќи се на извори запознаени со случајот.

Весникот потсетува дека „Deutsche Bahn“ и германското Министерство за транспорт ветија дека хуманитарните испораки во Киев ќе бидат бесплатно. Но соговорниците на Spiegel наведуваат дека таквата поддршка неодамна нагло била прекината како и што започна. Од 1-ви јануари 2023 година, „DB Cargo“ повеќе не нуди бесплатен превоз до Украина, се додава.

Според сознанијата на весникот, од крајот на февруари минатата 2022 година „DB Cargо“ транспортирала во Украина со железнички и копнен транспорт пренесла во Украина 1.300 контејнери со храна, средства за хигиена, опрема за прочистување вода, генератори и инвалидски колички. Донатори главно биле германски компании, а трошоците за превозот од речиси пет милиони евра се на товар на германскиот железнички оператор.

Сега, се додава во написот, испораките на хуманитарниот товар ќе треба да бидат платени, како и другите видови транспорти. Истовремено, од „DB Cargo“ престанала да ја споменува својата подготвеност за бесплатно пружање на услугите за помошта.

Во моментов, како што дознава Spiegel, компанијата таквата одлука ја објаснува со правни причини. Се додава и дека, бидејќи „DB Cargo“ е акционерско друштво, може да донира само до одредена сума.

Периодов владата во Берлин ги разгледува начините за поддршка на транспортот за хуманитарна прехранбена помош за Украина, но соговорниците на весникот се сомневаат дека може да се очекува брзо решение на проблемот. Сепак, од германското Министерство за земјоделство уверуваат дека проблемот може да се реши наскоро на сметка на дополнителен буџет.

Прашањето е усложнето и за другите видови помош, забележува Spiegel. Така, здружението Human Plus e.V. не можело да испрати контејнер со зимска облека, ќебиња и лекови во Украина. Таму сѐ уште чекаат на испраќање на пратката во сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, но здружението нема средства за транспортот.