
Брендан Фрејзер е прогласен најдобар актер на 95-тото доделување на Оскарите.
-Благодарен сум на Дарен Аронофски што ми даде креативен спас и ме повлече на добриот брод „Кит““, рече Фрејзер по доделувањето на Оскарот за неговата улога.
Фрејзер, најпознат по улогите во „Џорџ од џунглата“ и трилогијата „Мумија“, доби Оскар за својата прва главна улога по девет години.
Филмот „Кит“ доби и Оскар за шминка и фризура.