
Доделувањето на најпрестижните филмски награди Оскарите започна на несекојдневен и незаборавен начин, откако два борбени авиони на американската морнарица го надлетаа холивудскиот „Dolby Theatre“, во чест на номинираниот филм „Top Gun: Maverick“.
Жителите истрчале од своите домови и масовно се огласуваа преку социјалните мрежи, нагајќи која била целта на прелетот на борбените авиони над Лос Анџелес.
Авионите биле од ескадрилата „ Flying Eagles“ од блиската калифорниска воена воздухопловна база, откри подоцна во соопштение американската Академија за филмски уметности и науки.
„Голема благодарноста за американската морнарица за помошта во уникатното отворање на доделувањето на Оскарите“, објавија продуцентите на свеченоста на доделување на наградите.