
Во понеделникот српскиот министер за економија Раде Баста ја разбранува српската политичка јавност со предлог Србија да воведе санкции кон Русија, што е прва отворена изјава за санкции на владин претставник по инвазијата на Украина и отстапување од официјалната позиција на Белград.
Во соопштението за медиумите, министерот оцени дека Србија „веќе плаќа висока цена затоа што не воведува санкции против Русија“ и дека „ова станува неодржливо“, а неговата најава предизвика оградување на Единствена Србија (ЈС), од чија коалициска листа влезе во Владата на Ана Брнабиќ, и барања од коалициските партнери тој да поднесе оставка.
Единствена Србија е дел од коалицијата на Социјалистичката партија на Србија (СПС) предводена од шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, која веќе неколку изборни циклуси е во коалиција со Српската напредна партија (СНС) на актуелниот шеф на државата, Александар Вучиќ.
Во соопштението Баста истакна дека како министер за економија „гледа колкав е притисокот врз претседателот на Србија од Европската унија у меѓународната заедница, додека на тоа се молчи“, мислејќи на притисоците од ткн колективен Запад.
„Не можам да го прифатам тоа“, вели Баста, наведувајќи дека „затоа е за воведување санкции кон Русија“ и дека стои „со претседателот Вучиќ во одбрана на државните и националните интереси“ и има „апсолутна доверба“ во Вучиќ. „Затоа барам од Владата на Србија и од сите министри да се изјаснат за ова прашање“, наведува Баста.
Потсетувајќи дека Србија и самата низ историјата се соочувала со санкции, а народот „трпеше тешки економски последици“, Баста оцени дека Белград не ја донел одлуката за санкции надевајќи се „дека конфликтите ќе завршат и разумот ќе надвладее и дека двете страни конечно ќе седнат долу за преговарачка маса“. Но, „соочени сме со нова реалност“, оценува српскиот министер, нагласувајќи дека поради „глобалните превирања, Србија се соочи со огромен притисок“.
На сугестијата на Баста прва реагираше неговата ЈС, посочувајќи дека тоа е негова „лична позиција“, а не на партијата чиј член е и дека таа е „против воведување санкции за кој и да е“ и дека решението за војната во Украина „треба да е на преговарачка маса“.
Движењето на социјалистите (ПС) на Александар Вулин, исто така член на владејачката коалиција, побара Баста да поднесе оставка затоа што сака Србија да се приклучи на „незаконските санкции против Руската Федерација“.
Српскиот претседател Вучиќ одбива да се приклучи кон санкциите против Русија, но на почетокот на февруари, о текот на дискисијата за ситуацијта во поранешната српска јужна покраина Косово и Метохија, на претениците им порача дека „најверојатно ќе мора да воведат санкции“ против Русија, додавајќи дека тој со тоа „не е одушевен“, но дека Белград „веќе ја плаќа цената“ што тоа не го сторил порано.
Кремљ на тоа реагираше наведувајќи дека „разбира оти раководството на Србија е под невиден притисок од Западот“ и дека „ја цени позицијата на претседателот Александар Вучиќ, надевајќи се на натамошно подобрување на односите меѓу двете земји.
СНС на Вучиќ засега не го коментираше предлогот на српскиот министер за економија.