
Цените на нафтата паднаа во понеделникот на меѓународните пазар под 81 долари за барел, поради колапсот на американската „Silicon Valley Bank“, што поттикна стравови од нова финансиска криза.
На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневното тргување беше пониска за 2,03 долари во однос на затворањето на тргувањето на крајот од минатата седмица и изнесуваше 80,75 долари. На американскиот базар со барелот се тргуваше по 2.11 долари пониска од затворањето на претходниот трговски ден, од 74.57 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) во двоен извештај објави дека во петокот барелот од референтната кошница нафта на нејзините членки во петокот поевтинил за 1,33 долари, на 80,72 долари.
Падот на цените на нафтата во текот на денот го ублажи послабиот американски долар, кој ја поткрепи побарувачката на купувачите кои поседуваат други валути.
Пазарот на почетокот од седмица го потресе стравот дека колапсот на американската банка „Silicon Valley Bank“, и особено откако се дозна дека њујоршката банка „Signature Bank“ е затворена во неделата поради системски ризици, што го соопштија во заедничката изјава министерката за финансии Џенет Јелен, претседателот на американската централна банка Federal Reserve (Fed), Џером Пауел и претседателот на Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC), Мартин Грубнберг, ќе предизвика домино ефект во финансискиот сектор нова финансиска криза.
Банкротот на SVB кон крајот на седмицата предизвика бран распродажби на американскиот пазар на хартии од вредност, а реагираа и европските пазари, па индексот на европските банки STOXX во петокот потон за 3,8 отсто, а во понеделникот за дополнителни 5,7 отсто.
„Односот на вложувачите кон тие сектори краткорочно ќе биде нарушен. Кризата сигнализира континуирани значителни разлики на финансиските пазари. Каматните стапки значително се подигнати во краток временски период, изложувајќи ги слабите точки во целиот глобален финансиски сектор“, констатира во анкетата на Reuters Даниел Касали од „Evelyn Partners“.