
Пожар рано утринава избувнал во ресторанот „Лајт клуб“ во близина на Авто мото сојузот на Македонија. Повредени лица нема, но е причинета материјална штета.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во СВР Скопје во 04:33 часот е пријавено дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ избувнал пожар во угостителски објект при што опожарени се внатрешноста на објектот и кровната конструкција.
На местото на настанот се излезени полициски службеници и Бригадата за противпожарна заштита, информираат од МВР.
фото: МКД.мк