
Таткото и сопругата на киднапираниот Самоил Костадиновски со емотивни сведоштва на Канал 5 ТВ.
По момчето, кое е внук на Љубе Бошковски, се трага веќе 10 дена. Две лица се во притвор.
Неговата сопруга низ солзи вели дека се моли да го пронајдат жив. Таа и Самоил веќе имаат едно дете, а сега е бремена со второ.
Велат дека ниту пиел, ниту користел дрога. Бил спортист кој освојувал награди. За причината за киднапирањето немаат информација, но таткото изјави сомнеж дека во прашање се пари.
Во прилогот на КАНАЛ 5, слушнете ги нивните сведоштва: