
СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал поднесе кривична пријава против С.Ч.(42) и Р.Г.(40), двајцата од Скопје.
Имено, на 12.03.2023, по претходен телефонски разговор, на подрачјето на Гази Баба, С.Ч. се сретнал со М.С.(46) од Скопје, по што физички го нападнал и со закана со пиштол го принудил да влезат во неговото возило, по што отишле во продажен објект на подрачје на Гази Баба, каде што бил Р.Г. и уште две женски лица.
Тие одреден период го држеле во објектот, при што С.Ч. го удрил М.С. со пиштолот. Пријавените истиот ден биле приведени во полициска станица, а од С.Ч. бил одземен пиштолот.