
Директорот на Управата за санкции, Јовица Стојановиќ денеска гостуваше во емисијата „Студио 10“ на „ТВ24“ и зборуваше за македонските затвори.
Стојановиќ кажа дека македонските затвори се преполни и дел од затворениците мораат да спијат во ходник на душек.
– Во затворите имаме 2.100 кревети, а имаме околу 2.260 осудени лица. Се чудам како директорите успеваат да ги сместат лицата во установата. Во „Идризово“ има околу 40-60 лица кои спијат во ходник на душеци затоа што не постои можност да се постават нови кревети, вели Стојановиќ.