
На 13.03.2023 во Полициската станица Кочани бил извршен службен разговор со Г.П.(40) од Кочани.
Тој се сомничи дека на 09/10.03.2023 на социјалните мрежи објавил видео со 33 – годишна жена со компромитирачка содржина.
Полициски службеници од ОВР Кочани, по судска наредба, извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле лаптоп компјутер и мобилни телефони за кои постои сомнение дека се поврзани со делото.
По комплетирање на случајот против Г.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.