
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска западно од брегот на Крит, соопшти Националната опсерваторија на Атина.
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 18:36 часот по локално време, бил на 98 километри југозападно од островот Китера во Јонското Море, пренесува „Екатимерини“.
Длабочината е проценета на 14 километри.