
„Честитка од народот до Таче и Груби за изборот на шивална за гаќи за надзор од 22 милиони евра!, објави на фајсбук статусот портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, во врска со плакатот што попладнево осамна закачен на мостот во близина на плоштадот Скендербег .
Оваа герила акција е насочена кон премиерот Димитар Ковачевскии вицепремиерот Артан Груби, а во врска со тендерот вреден 22 милиони евра за Коридорите 8 и 10д, даден на фирма за шиење гаќи.
Фотографијата е снимена во центарот на Скопје во близина на плоштадот
Скендербег.
Фразата ,,г’з и гаќи” во скопски сленг, се користи за неразделни другарчиња кои
сѐ прават заедно.