
Поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање и безбедност (ОБА) на БиХ, Осман Мехмедагиќ, Драган Станковиќ и Един Гачанин се ставени на црната листа на САД, бидејќи претставуваат закана за регионалната стабилност и ја поткопуваат довербата во институциите, соопшти денеска американското Министерство за финансии.
Сите имоти и права на имот на санкционираните, лоцирани во САД или во сопственост или контролирани од американски државјани, мора да бидат замрзнати и пријавени.
„Тројцата поединци против кои преземаме акција денес претставуваат закана за регионалната стабилност, ја поткопуваат довербата во институциите и аспирациите на оние кои се обидуваат да воспостават демократска влада на Западен Балкан“, рече Брајан Е. Нелсон, потсекретар за борба против тероризмот и финансиско-разузнавачки работи во Министерството за финансии.