
Во тек е голема полициска акција во Скопје во која паднала голема група улични дилери на дрога, дознаваме од извори во истрагата.
Како што се дознава, уапсен е поголем број растурачи на амфетамин, а меѓу уапсените дилери е и учителка во основно училиште.
Од Министерството за внатрешни равоти за медиумите ја потврдуваат дека во тек е полициска акција, но повеќе поединости најавуваат за утре, по нејзиното целосно завршување.