
Грчката национална служба за разузнавање (ЕИП) открила случај на шпионажа, односно, како што соопштија, извесна Мариа Т., фотограф и сопственичка на мала продавница за ракотворби во Атина, во изминатите години тврдела дека е Гркинка, а всушност станува збор за странска државјанка Ирина А.С., која под „длабока покриеност“ и со лажен идентитет оперирала во Грција.
За случајот, ЕИП излезе со детално соопштение за начинот на дејствување на жената, без при тоа да ја открие земјата на потекло, а според грчките медиуми, Мариа Т, односно Ирина А.С. е Русинка и пред неколку месеци побегнала од Грција.