
Челниците на Фудбалскиот сојуз на Италија соопштија дека нови членови на „Куќата на славните“ на Серија А се Џанфранко Ѕола, Зинедин Зидан, Жозе Мурињо, како и постхумно Синиша Михајловиќ.
„Куќата на славните“ е дел од Калчо Музејот од 2011 година како засекогаш би останал споменот на легендите кои играле во Серија А и во репрезентацијата на Италија, како и тренери, функционери и судии.
Посебна, спомен-награда, доби Синиша Михајловиќ кој најголемиот дел од својата кариера го мина во Италија.
Ѕола е избран како претставник на домашните фудбалери, Зидан како странец а Мурињо како тренер за постигнувањата кои ги имаше на клупата на Интер.