
Кошаркарите на МЗТ Скопје загубија во клучен натпревар од АБА лигата, на свој паркет од екипата на Игокеа со 78-84.
Пресметката од 22. коло беше израмнета, екипите се менуваа во водството, меѓутоа во клучни моменти „штрковите“ попуштија и претрпеа нов неуспех.
Ѓорѓевиќ со 19 поени ги предводеше поентерите, додека кај МЗТ Скопје се истакнаа Миќовиќ со 18, на кои надоврза и осум скока, Вер со еден помалку и Војдан Стојановски со 15 поени.